Се огласи и Меџити за претресите на Онкологија: „Институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата“

 

И министерот за здравство, Фатмир Меџити се огласи по извршените претреси на Клиниката за Онкологија, од каде надлежните органи прибраа компјутери и друга документација во врска сo предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело. 

Министерот им упати силна поддршка на институциите и се произнесе дека очекува брзи резултати од истрагата.

„Силна поддршка за акцијата на обвинителството и полицијата на Клиниката за Онкологија. Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата“, напиша Меџити на ФБ.

За потсетување, во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје.

Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.
„Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, посочија од Обвинителството.

02.09.2023 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега