Скандал со воена опрема: Украинскиот министер за одбрана си ги пакува „парталите“

 

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников треба да биде разрешен наскоро, објави  весникот „Украинска правда“, повикувајќи се на владини извори. Неговите должности најверојатно ќе ги преземе првиот човек на Фондот за државен имот, Рустем Умјеров.

„Украинска правда“ пишува дека Парламентот следната недела треба да ја усвои оставката на поранешниот прв човек на Министерството за одбрана. Парламентот на Врховната Рада, го разрешува министерот на негово барање. Дотогаш должноста ќе ја извршува првиот заменик министер за одбрана, генерал-полковник Олександр Пављук.

Според некои извори, Парламентот ќе размислува за именување на Резников на позицијата амбасадор на Украина во Велика Британија. Но, „Украинска правда“, повикувајќи се на извори од кабинетот на Володимир Зеленски, пишува дека причина за разрешувањето на Резников е скандалот со набавката на воена опрема.

Според истрагата на весникот „Ѓеркало Тижнија“, објавена претходно овој месец, Министерството во септември 2022 година потпишало договор со турска компанија за купување зимска облека за војската во вредност од 33 милиони долари, која подоцна се покажа дека е летна облека.

Истрагата пронашла и докази за поскапување, при што некои јакни вредни околу 29 долари, во некои документи се заведени по речиси тројно повисока цена.

31.08.2023 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега