Мексико: Откако го погребале, се појавил на вратата од својата куќа

 

62-годишен маж од Мексико и неговото семејство пред неколку дена доживеале сцена која се граничи со хорор филм.

Станува збор за Лауренци Армендариз, кој се појави на прагот од својот дом набргу по неговиот погреб, а неверојатната приказна за неуспехот на надлежните служби дојде во центарот на вниманието на светската јавност.

Имено, тој пред неколку дена отишол на работа на неименувано и прилично зафрлено место, но откако му се изгубила секаква трага, семејството ја известило полицијата, која наводно го пронашла телото на мажот точно на местото каде што требало да биде Армендариз.

Но, наместо надлежните служби да го утврдат идентитетот на починатиот според сите протоколи, телото веднаш било предадено на семејството, бидејќи надлежните констатирале дека има идентични физички карактеристики.

Иако семејството забележало некои разлики кај починатиот, им било кажано дека тоа е сосема нормално и дека одредени детали кои ги збуниле се последица на смрт.

Така семејството го организираше погребот на 21 декември, но само неколку часа подоцна следеше шок.

„Требаше да ги видите. Видов ужаснати и изненадени лица кога се вратив дома среде ноќ“, изјави Армендариз.

Тамошните медиуми понатаму јавуваат дека сега е во тек ексхумацијата и утврдувањето на вистинскиот идентитет на починатиот, додека Армендариза чека бирократски преплетувања и докажување дека тој е всушност – жив …

31.08.2023 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега