Руски опозиционер: Следен е Кадиров, ќе помине како Пригожин

 

 

Руски опозициски политичар тврди дека Рамзан Кадиров, шеф на Чеченската Република и долгогодишен сојузник на Путин, би можел да се соочи со истата судбина како и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, доколку продолжи со критиката на руското Министерство за одбрана.

Поранешниот руски пратеник Дмитриј Гудков, кој е цврсто против војната во Украина, за „Некста“ изјави дека се сомнева дека позицијата на Кадиров може да биде загрозена.

Споредувајќи ги Пригожин и Кадиров, Гудков истакна дека чеченскиот лидер редовно ја фалел работата на началникот на платениците во Русија и постојано ја обвинувал руската армија за неспособност.

Кадиров, исто така, има своја приватна армија и испрати неколку чеченски единици да се борат во Украина.

„Ќе има конфликт со Кадиров, сигурен сум. Затоа што Кадиров е еден од најголемите противници на руската државност“, изјави Гудков за „Некста“.

„Кадиров има своја армија, која е добро подготвена. Има големо влијание надвор од безбедносниот апарат. Внатрешната напнатост станува се поголема и поголема“, вели тој.

Но, како што тврди Гудков, „Путин престана да игра судија меѓу различните фракции на Кремљ. Поточно, тој повеќе не може да се носи со оваа улога. Конфликтите навлегуваат во надворешниот свет“.

Коментарите на Гудков доаѓаат кога „Москва тајмс“ објави дека Путин им наредил на тајните служби да се подготват за закана од нов воен бунт, според извори од Кремљ.

Постои загриженост дека Вагнер директно го обвинуваат Путин за смртта на Пригожин и планираат да бараат одмазда.

Путин сака платеничката војска на Вагнер да се расформира иако тоа е негов изум, поставувајќи го неговиот некогаш лојален човек Пригожин на чело, пишува медиумот.

„Многу членови на Вагнер веруваат дека властите можеби стојат зад смртта на Пригожин“, изјави Олег Игнатов, аналитичар на Меѓународната кризна група.

„И властите не можат да ги игнорираат таквите ризици. Ова се случува кога Кремљ се подготвува да ги намести руските претседателски избори следната година за да им забрани на младите кандидати ривали на Путин даму го загрозат местото“, велат аналитичарите.

31.08.2023 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега