Медведев: Се поблиску сме до апокалипса
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, постојано ја споменува можноста за „апокалипса“ во случај на натамошна ескалација на конфликтот во Украина. Повод за неговиот говор бил фактот што украинските сили решиле да ги нападнат Русите во анектираниот Крим, тврди Украинска правда.
„Украинските криминалци објавуваат дека добиле одобрение за напади низ цела Русија, на пример нападот на Крим“, напиша Медведев на Телеграм.
„Тоа би било причина за воена акција, со што Русија би добила можност да дејствува во рамките на законот за воена акција против сите, дури и во земјите на НАТО. За жал, пророштвата за апокалипсата се поблиску до нас“, додаде тој.
Во јули Медведев напиша статија за владиниот службен весник „Росискаја газета“, во која нагласи дека нуклеарната војна е „сосема веројатна“, но тешко дека ќе има победник. Тој постојано истакнува дека поддршката на Западот за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа