Потпишан меморандум за долгорочна стрип соработка

 

Како завршна активност од 20-тиот меѓународен стрип салин „Велес 2023 “, а согласно обврските од проектите финансирани од Фондациите INTERNATIONAL VISEGRAD FUND I VESTERN BALKAN FUND потпишан е меморандум за стрип соработка помеѓу повеќе организаци.

 

Меѓу нив се Стрип центар на Македонија-Велес,  Fúzió Egyesület  од Унгарија, POMIMO –Словачка, Polskie Stowarzyszenie Komiksowe - Полска, NGO Komixxx project-Чешка, Kosova Cartoon – Феризај, Косово, Bad Brain Studio –Никшиќ ,Црна Гора, Klub likovnh umetnika “Raska Skola “ од Рашка, Србија.

Томе Трајков, координатор на овие проекти појасни дека меѓународната соработка ќе се состои од:меѓусебно информирање зактивности на самите органанизации-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од каде што се организациите-потписници на овој меморандум. Соработката ќе вклучува и меѓусебно повикување на активности (фестивали, колонии, стрип конкурси,,) организирани од страна на организациите-потписници на овој меморандум, како и подготовка и имплементација на заеднички проекти со коишто ќе се истапува пред  различни донатори и фондови.

Како и досега, така и сега Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помегу разни земји. Во овој случај воспоставена е соработка помеѓу земјите од ВИШЕГРАД групата, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации.

28.08.2023 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега