Османи со дузина свои колеги од светот на Твитер ја „испеа“ украинската химна

 

 

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска беше дел од група на 13 свои колеги од светот, кои на социјалната мрежа X, претходно Твитер, ја „испеаја“ или, поконкретно, испишаа по еден стих од украинската државна химна.

Станува збор за меѓународна иницијатива по повод Денот на независноста на Украина.

За твитер-верзијата на химната и приклучувањето на шефот на македонската дипломатија, преку соопштение на официјалната интернет-страница, информираа и од Министерството за надворешни работи.

Иницијативата, како што велат оттаму, била на украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, која ја поддржале негови колеги од светот, меѓу кои и Османи.

Како иницијатор, токму Кулеба, во твитот објавен денеска попладне, ја почнува нишката од стихови на химната, со првиот кој гласи: „Ще не вмерла України і слава, і воля“.

Македонскиот превод на стихот е: „Славата и волјата на Украина сè уште не умреле“.

24.08.2023 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега