АРМ доби донација од САД

 

Армијата на  Република Македонија денеска  прими воена опрема вредна 6 милиони долари од Соединетите Американски Држави. Се работи за возила, оружје, радио предаватели, и друга тешка опрема.

Денеска на свеченоста присуствуваше министерот за одбрана Талат Џафери. - Опремата што е пред нас е само дел од севкупната донација, односно средствата кои се пристигнати во 2013 година, а чија вредност изнесува 6 милиони долари, истакна тој.

Џафери ја истакна цврстата определба на Министерството за одбрана, за изградба на армија со која Македонија ќе застане, како што кажа, рамо до рамо со сојузниците а со своите капацитети ќе придонесува како и досега за безбедноста и стабилноста, како на регионално така и на глобално ниво.

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс истакна дека тие со задоволство помагаат во трансформација на силите на АРМ, како и на заложбите кои ги прави Министерството за одбрана во таа насока.

- Опремата не се однесува само на обезбедување на возила, оружје, радија и или друга тешка опрема. Таа се однесува на зголемување на интероперативноста преку заеднички платформи, истакна Волерс.

На церемонијата дел беа и началникот на ГШ на АРМ потполковник Горанчо Котески, военото аташе на САД Џефри Предмор, како и шефот на Канцеларијата за билатерална соработка на САД. 

13.12.2013 - 15:55
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега