Прибак: Голема чест е да го носам македонскиот дрес

 

Прибар кој започна да игра за РК Вардар вели дека можноста за настап за Македонија на ЕП во Данска е голема чест за него. Немања во интервју за РК Вардар, вели дека од одамна имал желба да игра во македонската репрезентација. 

“Од поодамна имав желба да играм во македонската репрезентација. Сепак, сега дојде тој момент, и навистина ми е чест што ќе настапам во дресот на Македонија, на престојното ЕП во Данска. Неколку пати разговарав со селекторот на репрезнтацијата Ивица Обрван, и мислам дека донесов вистинска одлука. Сакам да помогнам, Македонија да оствари добар резултат на ова континентално првенство” – изјави Прибак.

Според него, македонската репрезентација игра ракомет на врвно ниво последните неколку години, а тоа се докажува со учеството на големите натпреварувања.

“Сигурен сум дека тоа што веќе четири сезони настапувам за Вардар, ќе биде олеснителна околност за сите мои идни соиграчи од репрезентацијата. Мислам дека многу полесно ќе им биде на Сојанче Стоилов, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски... да играат со мене, бидејќи тие знаат како јас функционирам на теренот. Македонија има многу квалитетни ракометари кои играат на врвно ниво во последните пет години, но сепак и ним им треба одмор на некои натпревари, бидејќи распоредот е многу густ, а знаеме дека во такви моменти е потребна “подолга клупа”. Се надевам дека со моето доаѓање, и доаѓањето на Ренато Вугринец тоа и ќе се оствари, односно голем дел од ракометарите ќе бидат порастоварени. Ја прифатив оваа работа, и се договорив да настапувам подолг временски период за македонската репрезентација. Селекторот Обрван го даде своето мислење, јас моето, и мислам дека ќе помогнам Македонија да оствари еден подолг континуитет на настапи на големите натпреварувања. Впрочем, тоа е и основната цел на оваа репрезентација” – дополни средниот бек на Вардар.

Немања Прибак во дресот на македонсктата репрезентација ќе го видиме во втората фаза.

13.12.2013 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега