Поранешниот шеф на ФБИ призна дека му помогнал на рускиот олигарх Дерипаска во собирањето информации за неговите противници

 

Поранешниот шеф на њујоршкиот огранок на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Чарлс Мекгонигал се изјасни за виновен што му помогнал на рускиот олигарх Олег Дерипаска да собере информации за неговите противници по неговото пензионирање.

Мекгонигал се пензионираше во 2018 година. За време на неговата кариера во ФБИ, тој се фокусираше на контраразузнавањето поврзано со Русија и истрагата за руските олигарси.

Во јануари оваа година тој беше уапсен и обвинет одделно во Њујорк и Вашингтон.

„Околу три години откако се пензионирав од ФБИ, додека живеев на Менхетен, се согласив да му дадам пристап до  информации на Дериспаска за друг руски олигарх, Владимир Потанин“, рече Мекгонигел.

Тој додаде дека примил 17.500 долари кои ги испрал преку две фирми. Тие не биле запишани на негово име за да се отежне утврдувањето на изворот на плаќањата.

Потанин  бил конкурент на Дерипаска во областа на трговијата, пишува „NY Times“.

– Ја прифаќам целосната одговорност бидејќи никогаш немав намера со моите постапки да им наштетам на САД, моето семејство и пријателите – рече Мекгонигал.

Изрекувањето на пресудата е закажано за 14 декември, а на Мекгонигал му се заканува затворска казна до пет години доколку биде прогласен за виновен.

16.08.2023 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега