Шефот на канцеларијата на Столтенберг се извини за неговите коментари за членството на Украина во НАТО и отстапувањето територии
Шефот на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Стјан Јенсен, денеска се извини за коментарите дека Украина би можела да и отстапи дел од својата територија на Русија, а за возврат да добие членство во НАТО.
„Мојата изјава за тоа беше дел од пошироката дискусија за можните идни сценарија во Украина и не требаше така да кажам. Тоа беше грешка“ рече тој, цитиран од „Гардијан“.
Тој додаде дека, доколку има сериозни мировни преговори, одлучувачка ќе биде воената ситуација во тој момент, како и фактот кој која територија контролира.
„Токму поради оваа причина, од клучно значење е да ги поддржиме Украинците во се што им треба“, рече Јенсен.
Тој вчера, коментирајќи ги потенцијалните епилози од војната во Украина, рече дека Украина може да се приклучи на НАТО во замена за отстапување на дел од својата територија на Русија и нагласи дека сега има значаен развој во прашањето за идното членство на Украина во Алијансата и дека отстапувањето на одредени области на Русија би можело да стане еден од можните компромиси.
Како одговор на неговиот коментар, советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека Украина нема да тргува со своите територии за членство во НАТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа