Австралиската држава Тасманија со закон го забрани нацистичкиот поздрав

 

 

Владата на австралиската држава Тасманија денеска стана прва во земјата која го забрани нацистичкиот поздрав, јави ДПА.

Главниот обвинител на Тасманија, Елис Арчер, рече дека Владата дала јасен сигнал дека однесувањето со омраза и навреда не е добредојдено во земјата.

Заедно со нацистичкиот поздрав, државата ги забрани нацистичките симболи, вклучително и свастиката.

„Силно го осудуваме секое прикажување на омраза во нашето општество“, рече Арчер.

Прекршителите може да бидат осудени на затворска казна до три месеци, се наведува во законот, кој се очекува да стапи на сила годинава.

Арчер рече дека законот го зема предвид значењето на свастиката за будистичките, хиндуистичките и џаинските верски заедници.

Федералната влада на земјата работи на забрана за прикажување и продажба на нацистички симболи на јавни места, но нацистичкиот поздрав не е вклучен во предлогот.

16.08.2023 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега