САД воведоа санкции против Белорусија на годишнината од претседателските избори
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека САД вовеле санкции против Белорусија, кои се однесуваат на поединци и субјекти кои, како што се наведува, ја овозможуваат репресијата на претседателот Александар Лукашенко и руската војна против Украина.
„Денес се навршуваат три години од лажните претседателски избори во Белорусија и потиснувањето на барањата на белорускиот народ за слобода од режимот на Александар Лукашенко. Соединетите Држави продолжуваат да стојат со храбриот народ на Белорусија кој бара држава заснована на владеењето на право, почитување на човековите права и одговорна, демократски избрана влада“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар.
На санкционираната листа има осум физички лица и пет ентитети, а дополнително се воведуваат визни ограничувања за 101 службеник и нивни соработници „поради поткопување или нанесување штета на демократските институции во Белорусија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа