Девет тела пронајдени по пожарот во одморалиште за лица со посебни потреби во Франција
Девет тела се пронајдени во пожарот на одморалиште за лица со инвалидитет во Винтзенхајм, источна Франција, кој денеска беше зафатен од пожар, изјави главниот пожарникар и додаде дека се стравува оти починале уште две лица, кои се сметаат за исчезнати, но нивните тела сѐ уште не се пронајдени.
Претходно, медиумите објавија дека се трага по 11 лица.
Пожар избувна утрово во одморалиште за лица со посебни потреби во градот Винценхајм кај Колмар во провинцијата Алзас. На местото на несреќата пристигнале 76 пожарникари и 40 припадници на жандармеријата. Тие успеале бргу да го стават пожарот под контрола.
Седумнаесет лица се евакуирани, а едно од нив е пренесено во болница. Одморалиштето го изнајмила добротворна организација, која се грижи за лицата со пречки во учењето, објави „Франс 3“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа