Ре-Медика организира бесплатни ортопедски прегледи на 250 деца

 

Стручниот тим од Ре-Медика предводен од ортопедскиот хирург, д-р Димитар Споа спроведе ортопедски прегледи на децата од градинките и претшколска возраст во општините Аеродром и Гази Баба, а се работи за околу  250 деца.

- Иницијативата што ја започнавме на Интернационалниот ден на детето, продолжува со целосно заокружување на целта односно спроведување на бесплатни ортопедски прегледи за децата во претшколска возраст. Возраста од 4 до 6 години е многу критична за појава на неколку ортопедски неправилности, затоа сакаме да ги следиме уште во сам почеток и со тоа да превенираме колку што е можно повеќе појава на ортопедски проблеми и да придонесеме кон израстување на здрави генерации, изјави д-р Споа.

Прегледите содржат инспекција на телото, анализа на одот, мерење на физиолошкиот или патолошкиот опсег на движење на екстремитетите, мерење на сводот на стапалката со плантометар и мерење на жрбетни искривувања со помош на сколиометар. Секое дете на кое ќе биде извршен преглед, како што стои во соопштението од Ре-Медика,  ќе добие писмен наод потпишан од докторот.

13.12.2013 - 11:58
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега