Лидерот на ИД, ал Кураши убиен во Сирија

Екстремистичката група Исламска држава денеска соопшти за смртта на нејзиниот водач Абу Ал Хусеин ал Хусеин ал Кураши, кој беше убиен во судирите со екстремистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) во северозападна Сирија.

Портпаролот на ИД во аудио порака преку Телеграм, соопшти дека нивниот лидер е убиен во провинцијата Идлиб во директена пресметка со припадници на ХТС.

Припадници на ХТС, поранешен локален огранок на Ал Каеда, се обиделе да го заробат ал Кураши.

ИД не го наведе ниту точното место ниту датумот на егзекуцијата на ал Кураши.

03.08.2023 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега