Политичарите во Австрија нема да добијат зголемување на платата
Највисоките австриски политичари нема да добијат зголемување на платите оваа година и покрај високата инфлација, соопштија канцеларот и вицеканцеларот канцеларот Карл Нехамер и вицеканцеларот Вернер Кеглер.
Одлуката се однесува на сојузниот претседател и сите членови на кабинетот, како и на претседателот на Националниот совет, Долниот дом на Парламентот и претседателите на пратеничките групи.
Платите на политичарите обично се врзани со инфлацијата и во нормални околности тие би имале право на рекордно зголемување од 9,7 отсто оваа година.
Австриската Влада соопшти дека на провинциските политичари и пратеници може да им се зголемат платите за 50 отсто од стапката на инфлација односно за приближно пет проценти.
Одлуката на австриската Влада уследи откако опозициските Австриска Социјалдемократска партија (АСДП) и Австриската Партија на слободата (АПФ) ја критикуваа валоризацијата. АСДП преку соопштението побара замрзнување на платите на владата и федералните власти.
– Би било апсолутно неморално платите на членовите на федералната влада да добијат најголемо зголемување, напиша шефот на АСДП, Андреас Баблер, кој исто така повика на валоризација на бенефициите за невработеност.
И лидерот на АПС, Херберт Кикл валоризацијата ја „безобразна“.
– Не е можно членовите на Владата да продолжат да заработуваат сè повеќе пари додека населението се бори со огромни финансиски и егзистенцијални проблеми, изјави Кикл, додавајќи оти АПС наесен ќе поднесе предлог против зголемувањето на платите на политичарите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа