„Во нивното лудило, им треба колапс, криза и нарушување“: Зеленски рече дека Русија сака глобална катастрофа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз пристанишната инфраструктура покажале дека Москва има намера да создаде „глобална катастрофа“ со криза на пазарот на храна.
„За руската држава ова не е само борба против нашата слобода и нашата земја“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека Москва ја води борбата за „глобална катастрофа“.
„Во нивното лудило, им треба колапс на светскиот пазар на храна, криза на цените и прекини во снабдувањето“, рече претседателот на Украина.
03.08.2023 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа