Лекот за рак почна да се тестира врз луѓе
Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги уништи сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.
Научниците од „Сити оф Хоуп“ – една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која се детализирани првите резултати од тестирањето на „апчињата за убивање рак“ AOH1996.
Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачкиот клеточен нуклеарен антиген (ПЦНА) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од „Сити оф Хоуп“
Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапија во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.
Малкас рече: „ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони“.
„Податоците сугерираат дека ПЦНА е уникатно изменета во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на ПЦНА во клетките на ракот.
„Нашето апче за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар, ги затвора сите дојдовни и појдовни летови само на авиони што носат клетки на ракот“.
Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.
Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.
Тестирана е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.
Студијата е објавена во списанието Cell Chemical Biology.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа