„Фајзер“ со двојно помали приходи поради намалена побарувачка за Ковид вакцините

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека го затворила вториот квартал од оваа година со двојно помалку приходи од истиот квартал лани, поради послабата побарувачка за вакцината и лекот за Ковид.

Приходите во вториот квартал се преполовени на 12,7 милијарди долари, при што приходите од продажбата на вакцината против Ковид изнесуваат 1,49 милијарди долари, што е пад од 83 отсто во споредба со 2022 година, додека продажбата на лекот за коронавирус Пакскловид заработи само 143 милиони долари. , во споредба со 8,1 милијарди во вториот квартал од минатата година, пренесува Хина.

„Фајзер“ го затвори кварталот со нето добивка од 2,33 милијарди долари, а во истиот период лани добивката изнесуваше 9,91 милијарди.

И покрај неколкуте краткорочни предизвици поврзани со приходите од поединечни производи, веруваме дека компанијата е добро позиционирана за забрзан раст на производи кои не се од коронавирус во втората половина од годината, рече финансискиот директор на „Фајзер“, Дејвид Дентон.

01.08.2023 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега