Исланд ја затвори својата амбасада во Русија, руското МНР соопшти дека ќе има одговори
Исланд е прва членка на НАТО која официјално ја прекина работата на својата амбасадата во Русија. На почетокот на јуни Рејкјавик ја објави својата намера да ја затвори амбасадата, но тоа стапи на сила дури денеска.
Официјални лица, исто така, побараа од Русија да го намали своето дипломатско претставување во Рејкјавик. Исланд има амбасада во Москва откако се стекна со независност во 1944 година, освен за краток период во 1950-тите кога трговијата меѓу земјите беше прекината.
Исланд, сепак, нагласи дека денешното затворање не е за да ги прекине дипломатските односи. Исландскиот министер за надворешни работи Тордис Гилфадотир изјави дека обновувањето на нормалните односи со Русија ќе зависи од одлуките што ќе ги донесе Кремљ.
Како одговор на затворањето, руското Министерство за надворешни работи рече дека ја уништува соработката меѓу земјите, додавајќи: „Секое антируско дејствие на Рејкјавик неизбежно ќе предизвика одговор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа