Русите гранатираа болница во Херсон, лекар загина, тврди Украина
Еден лекар загина, а пет медицински работници се повредени при руско гранатирање на болница во јужниот украински град Херсон, соопштија украинските власти.
„Денеска во 11:10 часот непријателот изврши нов напад врз мирните жители на нашата заедница“, изјави началникот на воената управа Роман Мрошко.
Регионалниот гувернер Олександр Прокудин рече дека четворица медицински работници биле ранети, покрај една медицинска сестра која претходно била тешко повредена. Мрошко рече дека убиениот млад лекар работел само неколку дена, а други лекари се борат за животот на медицинската сестра. Во гранатирање е оштетен и оперативниот дел на болницата, рече Прокудин.
„Недвосмислено го осудуваме овој срамен напад на медицинска установа и изразуваме сочувство до семејството на лекарот кој почина“, соопштија од „Лекари без граници“.
Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди точноста на наводите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа