(ВИДЕО) Груби го покажа автомобилот пред камера: „Ако имате потреба од возило, можам да ви средам преку пријатели“

 

Артан Груби, првиот заменик премиер пред камерата на Алфа ТВ го покажа единствениот автомобил кој го има наведено во анкетниот лист.

– На мое име е, но ја вози татко ми, изјави Груби во разговор со новинарот, па дури му понуди и помош за купување на половни возила од негови пријатели.

– Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет, додаде Груби.

25.07.2023 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега