Пукна цевка во трговски центар во Москва, најмалку четворица мртви

 

 

Најмалку четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во Москва откако пукна цевка за врела вода во трговски центар во западниот дел на градот, објави градоначалникот. Сергеј Собјанин изјави дека некои од повредените имаат изгореници и дека итната помош е на местото на настанот.

Видеата покажуваат поплави и пареа во трговскиот центар „Времена Года“, кој има повеќе од 150 продавници и е отворен во 2007 година. На сите настрадани им пружаме медицинска помош“, рече градоначалникот.

 

23.07.2023 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега