Забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја

 

 

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми во согласност со Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од денеска, 17 јули 2023 година (понеделник).

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

На подрачјето на Водно, каде што нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли, известуваат од Владата.

17.07.2023 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега