Навални: 100 дена пред ќелијата ми го пуштаат истиот говор на Путин, трае час и 40 минути

 

 

Затворениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални, се пожали дека бил принуден да го слуша истиот говор на рускиот претседател, Владимир Путин, повеќе од 100 дена по ред.

Станува збор за говорот на Путин од февруари годинава, кој трае 1 час и 46 минути, а бил пуштан секој ден пред неговата ќелија, пишува „Скај њуз“. По повод 100-тиот ден од емитувањето на говорот на Путин, Навални објави дека му било кажано дека ќе мора да го слуша говорот во текот на 2023 година.

Во овогодинешното обраќање пред Федералното собрание во Москва, Путин рече дека специјалната воена операција, како што Русија ја нарекува војната во Украина, била спроведена за да се елиминира заканата од неонацистичкиот режим.

Во таа прилика Путин нагласи дека Русија направила се за да ги реши разликите „по мирен пат“ и го обвини Западот дека ја подготвува Украина за „голема војна“ со снабдување со оружје.

Навални моментално отслужува вкупно 11 и пол години затвор, но се соочува и со нови обвиненија за создавање екстремистичка организација.

Доколку биде прогласен за виновен во новото судење, може да биде осуден на затворска казна до 30 години.

14.07.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега