Експерти за криминалистички вештачења од Скопје ќе ги утврдуваат причините за пожарот во судот во Куманово

 

 

Што точно зафатил пожарот во судот во Куманово ќе утврдуваат началници и раководители за криминалистички и технички вештачења. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, извести дека гаснењето на огнот сè уште е во тек, а екипи за помош од Скопје се веќе испратени на терен.

„Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот“, рече министерот Оливер Спасовски.

Ноќеска пожар избувна во Основниот суд во Куманово, а просториите чадеа и утрово.

11.07.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега