Времето денес сончево и ветровитo

 

 

Претежно сончево ќе биде времето денеска, најавува УХМР.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен, повремено засилен северен ветер и температура од 15 до 31 степен.

09.07.2023 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега