Пациент со цистична фиброза до Меџити: Барам јавно извинување – додека барам лек од кој живот ми зависи, тој вели дека правам шоу

 

 

Пациентот Игор Пехчевски, болен од Цистична фиброза бара извинување од министерот за здравство Фатмир Меџити за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“. Тој бара министерот јавно да се извини, а лекот да биде донесен одма.

„Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето на лек правам шоу во јавноста на телевизија. Барам од вас јавно извинување. И главното: Донесете го лекот ‘трикафта’ сега и веднаш, а не за неколку месеци како што кажувате во вашите изјави.

Министерот за здравство Фатмир Меџити за  „Макфакс“ зборуваше за набавката на лекот трикафта. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу.

Целото интервју погледнете го тука.

07.07.2023 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега