Расте бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Кина

 

Во Кина во јуни се регистрирани 239 смртни случаи од Ковид-19, што е значително зголемување во однос на претходните месеци.

Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објави дека во мај имало 164 смртни случаи, а ниту еден во април и март.

Строгите мерки за спречување на ширењето на вирусот беа укинати во декември, што доведе до нагло зголемување на заразените лица.

Во јануари и февруари годинава од Ковид починале 4.273 лица, по што бројката паднала на нула.

Од Центарот не соопштуваат дали очекуваат продолжување на трендот на раст или пак ќе препорачаат воведување мерки.

Два смртни случаи во јуни се директно од Ковид-19, додека другите починале од веќе постоечки болести, чија состојба се влошила со инфекција од корона вирусот.

06.07.2023 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега