-Трговците со луѓе пред полицијата и судот најчесто се правдаат со образложението дека транспортот го прават од хуманитарни побуди. Инцидентно некој од нив изјавува дека тоа е поради тешката економска состојба во која се наоѓаат и оти најчесто парите им се потребни за намирување на трошоците за лекување на член на семејство, наведува телевизијата.
Последно откриената група со 29 имигранти од Бангладеш кои потврдиле дека платиле по 500 евра на државјанин од арапските земји, кој ги известил дека ќе пристигне возило за да ги земе и да ги пренесе до северната граница. И така се случувало додека полицијата не ги пресретнала.
Мигрантите, во зависност дали треба да стигнат на северната граница или на пристаниште плаќаат од 500 до илјада евра. Доколку заминуваат од Драч кон италијанскиот брег треба да платат и до 4.000 евра.