ФОТО: Македонски новинар си ја запроси девојката преку интернет портал

 

Естрадниот новинар Александар Наков ја запроси својата девојка преку порталот Убавина и здравје, каде што е шеф на продукција и маркетинг директор.

-Со секој момент што го поминавме заедно, станував се поблизок со тебе…се додека не сфатив дека сум лудо заљубен во тебе. Сега сакам оваа љубов да остане со мене засекогаш:  Ќе се омажиш ли за мене?, напиша Александар. Неговата девојка, кошаркарката Славица Димовска веднаш потврно одговори на прашањето.

Славица и Александар се заедно една година и тие го очекуваат своето прво дете. 

 

12.12.2013 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега