УХМР со предупредување: Утре спремете се за силно невреме

 

Од утре попладне и в недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина од утре попладне и в недела повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

УХМР со препорака: Во случај на појава на електрични празнења, се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

30.06.2023 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега