ЦУК утрово на терен откако вчера предупреди дека виси карпа на автопатот Скопје-Велес
Центарот за управување со кризи, вчера доцна вечерта информираше за опасност на патот Скопје-Велес, поточно дека виси карпа, па ги предупреди возачите да бидат особено внимателно.
Утрово од тим на ЦУК беа поминати и разгледани повеќе критични точки за можни одрони и нестабилни карпи на автопатот Скопје - Велес, при што биле забележани на повеќе локации мали карпи и камења коишто, иако се заштитени со мрежи, е можно истите да се стркалаат на брзата сообраќајна лента.
„По нашето неодамнешно укажување за опасност јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта препорачливо е да направат стручен надзор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони“, информираат од ЦУК за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа