Приведен поранешниот градоначалник на Центар
На скопскиот аеродром синоќа e приведен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар. Приведен е бидeјќи е поврзан со предметот на поранешното СЈО „Око“.
На граничниот премин Табановце утрово e приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, пренесуваат македонските медиуми.
Од МВР за „Прес24“ за случајот информираат дека се приведени вкупно пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик.
„Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР - Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик“, изјавија од МВР за Прес24. Членот 273 се однесува на дело „перење пари“, а членот 353 на злоупотреба на службена положба и овластување.
Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Повеќе детали се очекуваат наскоро.
Инаку, пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и екс-градоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.
Од МВР информираат дека вчера се уапсени петмина, за истиот случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа