Тенкови низ улиците на Москва, граѓаните предупредени да не излегуваат од дома!

 

Градоначалникот Сергеј Собјанин воведе „антитерористички мерки“ во главниот град Москва, поради ескалацијата на конфликтот меѓу руската војска и групата Вагнер.

Собјанин на својот канал Телеграм напиша дека веќе е воведена зголемена контрола на сообраќајот на улиците. Можни се и ограничувања на масовните настани, додаде тој.

„Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, напиша Собјанин.

Тој побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.

За зголемените безбедносни мерки на Телеграм напиша и гувернерот на Московската област Андреј Воробјов. Воробјов ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со автомобил кон јужна Русија, каде што ситуацијата во моментов е особено тензична.

Податоците покажуваат дека „Гугл њуз“ стана недостапен за најголем дел од Русите.

24.06.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега