Столтенберг: Важно е да се намалат тензиите во Косово

 

Важно е да се намалат тензиите на Косово и тоа е задача и одговорност на двете страни и затоа НАТО продолжува со напорите во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ за намалување на тензиите, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Се разбира, ние остануваме посветени на мандатот на ОН. Го зголемивме и нашето присуство, единиците на КФОР во Косово, како одраз на зголемените тензии што ги видовме во последните недели. Она што НАТО го прави на Косово е непристрасно, засновано на мандатот на ОН, а нашето присуство таму е да обезбедиме слободно движење на луѓето од сите заедници“, рече Столтенберг.

На заедничката прес-конференција со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, тој ги повика двете страни „добронамерно да се вклучат во дијалог“ и да се воздржат од еднострани дејствија што можат дополнително да ја ескалираат ситуацијата на Косово.

22.06.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега