„Ајде да се бориме во кафез“: Маск го повика Цукерберг, тој прифати

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот, Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат еден против друг во натпревар во кафез.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, иницираше расправија со шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.

Маск на својата социјална мрежа Твитеробјави дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг.

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг без други опции“, додаде Маск на Твитер, пренесуваат локалнте медиуми.

No description available.

Цукерберг одговори на провокациите со објава на Инстаграм, пишувајќи: „Испратете ми ја локацијата“.

Дискусијата на милијардерите стана вирална, а корисниците на социјалните мрежи дебатираат кој ќе биде победник во мечот, додека други објавија мемиња, вклучувајќи мајтапчиски постови што ја рекламираат борбата.

Маск се огласи предложувајќи – Вегас Октагон да биде локацијата на борбата.

22.06.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега