Путин одржа едноминутно молчење за Берлускони: Беше многу добар човек

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска  на економскиот форум во Св. Петербург одржа едноминутно молчење во чест на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина во понеделникот на 86-годишна возраст.

Путин, кој во пораката со сочувство претходно оваа недела рече дека го смета Берлускони за драг пријател и исклучителен политичар, на присутните им рече:

„Тој беше многу добар човек. Неодамна почина поранешниот премиер на Италија, г. Берлускони. Тој направи многу за да изгради нормални долгорочни односи меѓу Русија и земјите од НАТО. Тој беше многу добар човек, многу активен и енергичен“, рече Путин и додаде:

„Без никакво претерување го сметам за личност од светска класа. Се извинувам на публиката. Би сакал да побарам едноминутно молчење во негова чест“.

Исто како и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, Берлускони одржуваше блиски врски со Москва за време на првите години на Путин во Кремљ од 2000 година наваму.

И Берлускони и Шредер станаа лични пријатели на рускиот лидер, додека Западот ги критикуваше дека стојат покрај него долго по илегалната руска анексија на Крим од Украина во 2014 година.

16.06.2023 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега