Денеска не излегувајте без чадор: Не очекува дожд и невреме
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.
На почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, над 20 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час, и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат пообилни денеска во северозападните делови, а в понеделник во поголемиот дел од земјата и особено на северот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа