Деца си играле со граната во Сомалија – експлодирала и убила околу 27 луѓе
Во денешната експлозија на минофрлачка граната во близина на градот Кориоли во областа Долна Шабел во Сомалија, загинаа околу 27 лица, претежно деца, а 53 се повредени.
„Оваа катастрофа се случи денес во близина на градот Кориоли. Тие си играа со неексплодирана минофрлачка граната која ненадејно експлодира“, изјави претходно Абди Ахмед, заменик окружниот комесар на Кориоли“, пренесе Ројтерс.
Жителите изјавија дека неексплодираните гранати, со кои си играле децата, ги користеле завојуваните фракции во Сомалија.
„Бараме помош од владата и владините агенции за расчистување на мини и гранати од тоа подрачје“, додаде Ахмед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа