Путин: Украинската офанзива започна, но неуспешно

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека украинските сили секако ја започнале со месеци најавуваната противофанзива, но дека сите обиди за напредување на украинската војска пропаднале со големи жртви.

Изјавата на Путин е во контекстот на наратовот кој руското Министерство за одбрана го практикува од почетокот на седмицава, а на што немаше негирања од официјалните претставнции во Киев, истакнувајќи дека почетокот на протовофанзивата секако нема д абиде најавен.

Руското Министерство за одбрана претходно објави во дневниот брифинг за борбите на украинското боиште дека одбило украонските напади во регионите Запорожје и Доњецк, од кои најголемиот дел е под руска контрола, и оти во тие офанзивни обиди украинските сили наводно имале илјадници жртви, како и дека се уништени десетиици тенкови, вклучително и германските „Leopard 2“. Москва претходно објави дека во редовите на руските сили во украинската противофанзива загинале над 70 руски војници.

Во дневнито брифинг руската војска тврди дека украинските сили само во петокот безиспешно го нападнале руските линии на одбраната четири пати со два баталјона придружувани од десетици тенкови, јужно од Велика Новоселка во Доњецк. Руските сили, според истиот извор, одбиле и два напада јужно од градот Ораховка во регионот на Запорожје.

„Сите обиди на протиофанзивата (на Украина) засега пропаднаа. Но офанзивните потенцијали на силите на киевскиот режим и натаму постојат“, рече Путин.

Руското Министерство за одбрана објави и дека Украина во изминатите 24 часа загубила 1.200 војници, 40 тенкови и неколку авиони, вклучително и борбените „МиГ-29“ и „Су-25“.

Москва во вторникот, пак, објави дека во претходните три дена загинале 3.715 украонски војници, но нема појаснување за оваа толку прецизна бројка.

Западните медиуми потсетуваат дека десетици илјади руски војници изминатите месеци копале ровови и граделе утврдување на првата линија од фронтот долг меѓу 1.200 и 1.400 километри, во очекување на долгонајавуваната украонска поротивофанзива за која се смета дека има цел да го отсече копнениот пристап на Русија до црноморскиот полуостров Крим кој е голема стратешка пречка за НАТО во контролата над Црното Море.

09.06.2023 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега