Експлозија во џамија во Авганистан - има мртви

 

Неколкумина загинаа при експлозија во џамија во Авганистан, но засега локалните медиуми шпекулираат со точен број на мртви.

Експлозијата ја уништила џамијата во пределот на северната авганистанска провинција Бадакшан, при што наводно загинал поранешен шеф на талибанската безбедност во градот Баглан заедно со уште неколку лица.

Шефот за информации и култура на провинцијата Бадакшан, Моазудин Ахмади, изјави дека експлозијата се случила во Баглан на 8 јуни за време на погребот на заменик-гувернерот, кој бил убиен во самоубиствен напад со автомобил-бомба три дена претходно.

„Во овој инцидент убиен е поранешниот полициски командант во Баглан. Бројот на цивилни жртви е голем... Бројот се уште не е познат“, вели тој.

Нападот се претпоставува дека бил наменет за комеморацијата на Нисар Ахмад Ахмади, заменик-гувернерот на Бадакшан, кој бил убиен во напад со автомобил-бомба во вторникот. Во тој напад во Фајзабад, главниот град на Бадакшан, загинал и возачот на заменик-гувернерот, а уште околу 10 лица биле ранети.

Никој се уште нема превземено одговорност за нападот.

08.06.2023 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега