Детали за страшниот напад во Франција: Избодени тригодишни деца, напаѓачот по потекло од Сирија

 

Најмалку осум лица, меѓу кои шест мали деца, утринава се избодени со нож во близина на игралиште во југоисточна Франција.

Според полицијата напаѓачот е совладан и уапсен, а три деца се во критична состојба.

Нападот се случил нешто пред десет часот во градот Анеси.

Полицијата добила дојава за нападот и за неколку минути пристигнала на местото на настанот.

Напаѓачот, чиј идентитет се уште не е потврден, избол најмалку осум лица, меѓу кои шест деца.

Тројца од нив се во критична состојба, а француските медиуми јавуваат дека тригодишните деца кои биле нападнати одат во локална градинка.

Според некои информации, напаѓачот е по потекло од Сирија и има 32 години и не и е познат на полицијата.

Полицијата го обезбедувала теренот, а било забележано дека на лице место слетал и хеликоптер.

Бројни француски функционери се упатија кон југоисточниот дел на земјата, каде што се случи страшниот напад.

08.06.2023 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега