Хорор во Франција, маж бодел луѓе, меѓу кои и деца на игралиште

 

 

Помеѓу шест и осум деца биле избодени со нож на француско игралиште пред напаѓачот да биде совладан од полицијата.

Очевидци изјавија за Ле Дофин дека маж облечен во турбан почнал да напаѓа деца на мало игралиште во Анеси, алпски град во југоисточна Франција.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер напиша: „Неколку лица, меѓу кои и деца, беа повредени од лице вооружено со нож во Анеси. Тој е уапсен благодарение на многу брзата интервенција на полицијата“.

Според некои медиуми, повредени се шест деца и еден возрасен.

Повредените биле итно пренесени во болница.

Одредени улици во Анеси се затворени.

08.06.2023 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега