(ФОТО) Тешка сообраќајка: Товарно возило ја проби оградата, па излета во Вардар

 

Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, денеска информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец с.Зелениково-с.Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него. 

Од страна на Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково се известени Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност.

Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението. Тоа е и направено.

Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот.

31.05.2023 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега