Меџити: Најдобри сме во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека сме најдобри во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза.
- Ние во делот на мултипла склероза, јас како невролог професионалец ви тврдам со одговорност, дека сме најдобри во регионот за обезбедување на терапијата. И ќе продолжиме, ќе се стремиме што повеќе пациенти да вклучиме и бројот што чекаат не е голем. Ние точно ја одредуваме дијагнозата и кога треба да се почне со терапијата. Имаме нормално и модулаторна терапија, првите симптоми, прво одлучуваме како што - тоа е професионално меѓу нас на неврологија, но ви кажувам и ви тврдам со одговорност дека сме најдобри во околината, во регионот, нагласи министерот, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој денеска присуствуваше на настанот организиран од Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, а по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа