Матурантите денес полагаат мајчин јазик, пријавени се 15.620 ученици
Денес се реализира првиот екстерен предмет од државната матура – мајчиниот јазик.
Оваа учебна година за државната матура се пријавиле 15.620 ученици, од кои 6.750 од гимназиско образование, 8.598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование, информираат од Државниот испитен центар (ДИЦ).
Македонски јазик и литература ќе полагаат 10.768 кандидати, албански јазик и литература 4.380, а 357 турски јазик и литература.
На 10 јуни во сите средни училишта ќе се полага вториот екстерен предмет. Матурантите од гимназиско образование и од средно стручно образование избираат помеѓу странски јазик и математика, а од музичките училишта помеѓу естетика и странски јазик, а од средното уметничко училиште помеѓу филозофија и странски јазик.
Испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во ДИЦ истиот ден кога се реализира испитот. Сите испити почнуваат во 10 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа