УНХЦР по смртта на младиот Мемет Камбер со апел: „Да се стави крај на бездржавјанството сега“

 

По смртта на 21-годишниот Мемет Камбер, продавач на списанието „Лице в лице“, со реакција во јавноста излегоа и од УНХЦР, кои упатија апел сите чинители да ги преземат потребните чекори за да осигураат ставање крај на бездржавјанството. 

„Чувствуваме длабока тага по трагично загубениот млад живот на Мемет Камбер и сочувствуваме со неговите блиски и сакани луѓе. Неговата смрт е уште еден страшен потсетник дека живеењето без лични документи претставува ризик и по самиот живот.

Северна Македонија е многу блиску до ставање крај на бездржавјанството. Бараме од сите чинители да ги преземат потребните чекори за да осигураат ставање крај на бездржавјанството оваа година и да осигураат дека ниту еден живот повеќе нема да биде загубен заради немање пристап до услуги од витално значење“, велат од УНХЦР.

„Секој има право на правен идентитет кој му дозволува пристап до права и услуги.
Секој има право да каже ЈАС ПРИПАЃАМ.

Кренете го вашиот глас и придружете ни се во повикот да се стави крај на бездржавјанството сега“, се додава во нивната објава. 

26.05.2023 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега