Македонски граѓани со автобуси тргнаа на митингот на Вучиќ: „Многу не има“
Со автобуси, граѓани на Макдонија се упатија кон Белград да го подджат српскиот претседател Александар Вучиќ на собирот што ќе се оддржи вечерва.
„Многу нè има! Претседателот Александар Вучиќ ја има поддршка на Србите од Македонија и Македонците со српско потекло! Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност!“, се вели во објавата на „Здружението мир слога стабилност“ кое го организираше превозот.
Претходно неделава, српската телевизија „Н1“ објави дека здружението кое е лоцирано во зградата на експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски организира превоз до Белград за поддршка на Вучиќ.
„Да го поддржиме човекот кој животот го посвети на Србија! Одважи се на повикот на Претседателот Вучиќ и дојди со нас во Белград! Организираме превоз до Белград на 26.05 (петок) на најголемиот собир досега одржан во Србија, а сите заинтересирани нека се обратат на телефонскиот број на здружението и нека го резервираат своето место“, стои во објавата на здружението.
Телевизијата извести дека превозот е бесплатен, а кога се јавиле на телефонскиот број организаторите им кажале оти обезбедиле вода и сендвичи за патниците.
Во Куманово превоз за Белград на лична иницијатива организира советникот Мирослав Тричковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа